еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Албанија „цвета“ бизнисот со бугарски пасоши, Стерјовски ги открива цените

Во Албанија „цвета“ бизнисот со бугарски пасоши, открива Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во интервју за Еуроњуз на албански јазик.

Како што вели тој во интервјуто за бугарски пасош, односно пасош на ЕУ, припадник на македонската заедница може да плати пет илјади евра, додека Албанците плаќаат по 25 илјади евра.

-Во Албанија има илјадници албански државјани кои аплицирале за бугарски пасош, повеќето од нив се со албанско потекло кои овој бугарски пасош го извадиле со наплата на голема сума пари, за да ги користат привилегиите на Европската Унија, вели Стерјовски, кој посочува дека бизнисот со бугарски пасоши е поисплатлив отколку одгледување марихуана.

Тој посочува дека последниве години, посебно во областите каде што живее македонската заедница, во Пустец, Врбник, Голо Брдо, Гора има агресивна кампања за асимилација на Македонците, особено во пресрет на пописот на населението и домаќинствата што почнува утре.

– Бугарската агресивна кампања, посебно пред пописот, нема да не поколеба и повеќе од убеден сум дека каде и да живееме во Албанија ќе се изјасниме она што сме – Македонци. Ние живеме на границата со Македонија, каде живеат нашите браќа. Еве гледајте на оваа страна се Македонци во Македонија, на другата е исто така Преспа-Грција и таму живеат Македонци.

Ние тука сме староседелци, не сме дошле од друго место и затоа не можеме да бидеме Бугари. Во меморијата на Македонците кои живеат во Албанија неизбришливо стојат масакрите кои ги направиле бугарските окупатори за време на окупацијата на Албанија во Првата и Втората светска војни, кога репресиите биле најсилни токму врз Македонците, вели Стерјовски.

Тој потсетува дека во 2017 година албанската влада и Парламентот го усвоиле Законот за заштита на националните малцинства, кога под силен притисок и условување со членството во ЕУ, владата призна непостоечко бугарско малцинство во земјата.

– Сега проблемот на Бугарија е што од една страна, ја принуди Албанија да признае бугарско малцинство, но од друга страна, вакво малцинство не фигурира во граѓанската евиденција во Албанија зашто во ниту еден до сега спроведени 11 пописи како Бугарин не се изјаснило ниту едно лице, посочува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР ги охрабува Македонците во Албанија на престојниот попис да се попишат како Македонци

Фото: Стерјовски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата барала список со споменици и улици од Хеленската историја и објекти со Сонцето од Вергина

Редакција

Анѓушев: Јас сум еден од тие кои подлежи на новиот данок

Редакција

Петти ден расправа за реконструкција на Владата во Собрание

Редакција