еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Најостро ја осудувам одлуката на Приштина да го запре слободниот проток на стоки, вели српскиот министер за трговија Момировиќ

Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ денеска најостро ја осуди одлуката на Приштина за запирање на слободниот проток на стоки и истакна дека таквата одлука е целосно спротивна на сите европски принципи, кои вклучуваат слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал, јави дописникот на МИА од Белград.

– Владата на Република Србија, заедно со своите партнери од Западен Балкан, прави максимални напори да се обиде да го релаксира и овозможи слободен протокот на луѓе и стоки, се со цел напредок и економски развој на Република Србија, како и на целиот регион.

Факторот кој го поништува сето тоа и повторно го става оружјето на политичката маса на Балканот е Албин Курти. Со ова полека се надминуваат сите политички потенцијали кои се вложуваат за да се надминат проблемите на мирен начин, но и покрај тоа мораме да го зачуваме мирот, бидејќи само во мир можеме да обезбедиме раст и напредок на целиот регион, истакна Момировиќ.

Тој реагирајќи на најавите на Приштина за забрана за увоз на сите стоки од Србија, оцени дека властите во Приштина веќе подолго време прават се за да го загрозат воспоставувањето на економската стабилност на Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово целосно го забрани увозот од Србија

МИА/Фото: Твитер/Момировиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Ниш почина жената која ја застрела тетовчанец

Редакција

Двајца пациенти добија бубрези од починат донор – извршена уште една трансплантација на хируршките клиники

Редакција

ЕУ: Прашањето поврзано со Русковска и Муареми треба да го решат надлежните органи

Редакција