еМагазин
Image default
Балкан

Албанија и Црна Гора договорија полициска соработка за време на туристичката сезона

Генералните директори на албанската и црногорската полиција, Мухамет Румбулаку и Никола Терзиќ потпишаа протокол за соработка во текот на годинешната туристичка сезона.

Средбата на официјални претставници на меѓудржавно ниво датира од 2012 година и ваков тип на соработка меѓу Црна Гора и Албанија се договара секоја година.

За време на потпишувањето на протоколот во Подгорица, Румбулаку високо ја оценил соработката меѓу полициите на двете земји и подготвеноста за зајакнување на соработката во области од заеднички интерес, вклучително и за време на туристичката сезона.

– Ангажманот на албанските полицајци на црногорското крајбрежје значително ќе придонесе, не само албанските граѓани да се чувствуваат побезбедни, туку и Црногорците и граѓаните од другите земји кои престојуваат во Црна Гора за време на туристичката сезона. Истото тоа важи и за ангажираноста на црногорските полициски службеници на албанското крајбрежје, изјави Румбулаку.

Неговиот колега, Терзиќ изрази особено задоволство за успешно спроведените активности во борбата против шверцот со дрога, кои успешно се спроведувале.

– Црногорската полиција останува посветена на зајакнување на регионалната соработка, бидејќи само со заедничка акција и размена на оперативни информации, борбата против организираните криминални групи може да постигне конкретни резултати, наведе Терзиќ.

На средбата на двете делегации се разговарало и за повеќе теми, меѓу другото, за прашања за конкретна соработка во борбата против организираниот криминал, шверцот, илегалната имиграција и трговијата со луѓе.

Заедничка оценка е дека службите за спроведување на законот на Црна Гора и Албанија се подготвени да се справат со сите форми на организиран и прекуграничен криминал.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција ги затвора границите со Македонија и Албанија

Редакција

(ВИДЕО) Срби играа фудбал на границата со Македонија за да им помине времето на чекање поради гужвата и долгите колони

Редакција

Каменос: Скопје е 20 минути работа, доволна е една единица оклопни возила

Редакција