Ова е Елведин Дубовиќ и има четири години. Пред една недела играјќи си со братчето се повредил на окото.
Поради загриженост, неговите родители итно го однеле во болница, каде што била направена интервенеција и докторот констатирал дека има потреба од итен оперативен зафат на окото.
„Според тврдењата на мајката на Елведин, оперативниот зафат во ЈЗУ УК за Очни болести, не подлежи под гаранција.
Токму поради оваа причина приватната Очна Клиника во Скопје Еуропеан Еје Хоспитал се нафаќа да го изврши оперативниот зафат во износ од 120.000 денари,“ велат од Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.