еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Вардар се излеа во неколку населени места во Општина Јегуновце, поплавени куќи и ниви

Реката Вардар се излеа и поплави површини во населените места Раотинце, Копанце и Туденце во Општина Јегуновце.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) извести дека претседателот на месна заедница од село Раотинце во Општина Јегуновце пријавил, на единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, излевање на Вардар, при што покрај ниви и површина се поплавени и околу 15 куќи од селото.

-Водата од реката се прелеала на критичните места кај Копанце и преку месноста „Старо Вардариште“ дошла во атарот на село Раотинце. Ова е второ излевање на водата од Вардар во време од еден месец во овој предел. Инаку, нивото на водата на Вардар во моментот е до максималната кота во коритото, се вели во соопштението на ЦУК.

Градоначалникот на Јегуновце, Димитар Костадиноски потврди дека излевањето на Вардар е причина за поплави, а воедно и посочи дека поплавени се ниви и во Туденце.

Видео: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е лидерот на платеничката група Вагнер, кој се осуди да го предизвика Путин

Редакција

Се уште е рано да не се носат маски на отворено, за свадби и за концерти, вели Филипче

Редакција

Осма жртва од експлозијата во Романовце, почина 10-годишното дете

Редакција