еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Заматена водата за пиење во Кавадарци поради обилните дождови

Заматена е водата за пиење во градскиот вововод во Кавадарци поради обилните дождови на изворите Лукар, информираат од кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец“.

Оттаму нагласуваат дека водата за пиење, потребно е да се преврива пред консумирање.

– Ние ќе ја следиме состојбата и ќе известиме кога ќе се нормализира состојбата со водата, додаваат од комуналното претпријатие.

Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев потсетија дека два дена Тиквешијата беше зафатена од обилни врнежи, а најголема количина е регистрирана на мерните станици во селото Раец од 145 литри на метар квадратен, што предизвика излевање на Раечка река и поплавување на голем дел од земјоделските површини во атарот на Раец и селото Дреново.

– Се апелира до населението да не се движи во близина на речното корито во тој предел, бидејќи водостојот на реката е се уште голем и водата од земјоделските површини не е повлечена, известија од кабинетот на Јанчев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 333 болни од Ковид-19, во Скопје 115

Редакција

(Видео) Лозано со нов хит „Бариера„

Редакција

Скопјанец со товарно возило удрил во жена

Редакција