Од Жито полог АД Тетово преку Македонската берза информираат дека акционерот – друштвото за трговија, производство и услуги АС Сењак увоз-извоз Селаудин Арифи ДООЕЛ продаде 4.567 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог и сега поседува вкупно 3.112 обични акции со право на глас, што претставува 5,56% од вкупниот број на издадени акции на Друштвото.
Од Друштвото информираат и дека Жито Полог изврши откуп на сопствени акции на ден 14.06.2023 година и тоа 2.325 акции по цена од 2.266 денари по акција.
-По извршениот откуп моменталната состојба на вкупно откупени сопствени акции изнесува 8.424 акции, што преставува 15,04% од основната главнина на Друштвото, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сергеј Самсоненко купи акции во Жито Полог, сега поседува 19,86% од акциите