еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Побаран притвор за скопјанецот кој се судри со возилото кое падна во Лепенец по што се удави фамилија од Косово

Од Основното јавно обвинителство Скопје се огласија во врска со несреќата во која во реката Лепенец се удави брачна двојка од Косово и нивниот 16-годишен син.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Во Лепенец се удави брачната двојка Пацоли од Косово и нивниот 16-годишен син, преживеа постариот син: Сите детали

Се спаси само 21-годишниот син.

-По извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на реката Лепенец ќе биде издадена наредба за обдукција, а јавниот обвинител ги координира сите дејствија со цел обезбедување докази за расчистување на настанот, информираа од Јавното обвинителство.

Додека во целост не бидат испитани сите околности и не биде утврдена причината за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување краткотраен притвор во траење од 48 часа за лицето кое беше задржано по несреќата.

-Станува збор за 64-годишен жител на Скопје кој управувал со автомобил „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и кој во критичниот момент ја престигнувал колоната возила во која бил и косовскиот автомобил.

Предлогот за определување краткотраен притвор е поднесен, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Семејство од Косово исчезна во реката Лепенец, се спаси само едниот син

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Тетово поднесе кривична пријава за Теута Арифи

Редакција

Eврокомесарот Вархеји ја протна идејата да се поттурнат преговорите со Албанија, а Македонија да почека поради Бугарија

Редакција

Заев го означи почетокот на изградбата на браната Конско, ВМРО-ДПМНЕ велат дека се китат со туѓи перја

Редакција