еМагазин
Image default
Македонија

Кривична за двајца полициски службеници од Велес за примање поткуп

Двајца полициски службеници од Велес побарале поткуп од едно лице за да не го казнат поради сообраќаен прекршок.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Обвинителство поднесе кривична против полициските службеници С.Д. и Х.С., вработени во СВР Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ, информираат од МВР.

Имено, полициските службеници на 16 јуни 2023 година за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од едно лице во износ од 3.000 денари. Против полициските службеници ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Тие ќе бидат суспендирани од работните места до завршување на дисциплинската постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откако ќе се расчисти инцидентот со косовската претседателка, МНР ќе одговори на протесната нота од Косово

Редакција

Антикорупциска: Лекарската комора да го истражи случајот со директорката Софијанова за телевизиско рекламирање на суплементи

Редакција

Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Редакција