еМагазин
Image default
Бизнис

Се намалува старосната граница за пензионирање на рударите

Владата на денешната седница го усвои Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што се намалува старосната граница за пензионирање на рударите.

Од владината прес-служба соопштија дека откако Министерството за труд и социјална политика ќе го достави законот во Собранието и тој ќе биде изгласан, рударите ќе можат да остварат право на старосна пензија со навршување на 40-годишен стаж за мажи и 35-годишен пензиски стаж за жени.

Со досегашниот закон рударите би заминувале во пензија на околу 58 годишна возраст, а со новиот закон тие ќе заминуваат во пензија на околу 50 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„КБ Прво пензиско друштво“ оствари добивка од 2,1 милиони евра

Редакција

Продаден блок акции од Комерцијална банка за 164.000 евра

Редакција

Народна банка повторно ја зголеми основната каматна стапка

Редакција