еМагазин
ЖИВОТ

Барање за лекување на Кико не е поднесено до државата, вели Меџити

Барање за лекувањето на Кико не е поднесено на ниво во Министерството за здравство, ниту во Фондот, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, на новинарско прашање околу лекувањето на момчето со ретка болест.

„Такви служби или барања до Министерството до институциите надлежни, досега немало. Ние ќе го разгледаме случајот, нормално фамилијата треба да поднесе барање…

Знам се зборува ретка болест, тешка болест, но нема поднесено барање до надлежните институции и да разјасниме, тој случај досега не се лекувал во јавно здравје.

Четири – пет години не биле на преглед. Така што, ние не знаеме што се случува. Ова се државни институции, здравствени и треба да има службено барање за да се разгледува,“ одговори Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија се сплоти за Кико, за три дена собрани 40 илјади евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Малиот Михаил за четири часа доби можност за нормален живот

Редакција

АХВ: Нема законски пречки здруженија да раководат со прифатилишта за животни

Редакција

Победата на Пендаровски честитка за сопругата: Првата дама денеска слави роденден

Редакција