еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Супер-его логика на МАНУ: Договорот е добар ама за нас да не важи

Како што се наближува 30 септември така се зголемува притисокот во јавноста во однос на референдумот за прифаќање на договорот со Грција односно промена на името на нашата земја во Република Северна Македонија. Од една страна можат да се чујат повици до народот да излезе на гласање, а од друга страна за бојкот на референдумот.

Со оглед на тежината на прашањето, разбирливо е што во овој период главна тема за која се разговара се придобивките од зачленувањето во ЕУ и НАТО, како и суштинските прашања од договорот односно македонскиот идентитет и јазик. Секоја дебата овие денови е добредојдена, бидејќи колку повеќе се разговара за договорот толку повеќе на граѓаните ќе им се разјасни неговата содржина, што секако е потребно, бидејќи голем дел се уште не го прочитале.

Затоа за поздравување е вчерашниот настан во МАНУ на кој академици, премиерот Зоран Заев, универзитетски професори и претставници на дипломатскиот кор имаа свои излагања за придобивките од прифаќањето на договорот со Грција односно зачленувањето во ЕУ и НАТО.

Исто така, за поздравување е што МАНУ по долги години пауза излезе јасно и гласно да каже дека го поддржува договорот со Грција и промената на името во Северна Македонија со образложение дека е добар и дека се зачувува македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

Сепак, смешно е што на крајот МАНУ погази на се позитивно што беше кажано околу договорот кога пред странските амбасадори и целокупната јавност најави дека ќе побара правен совет околу можноста оваа институција да не се прекрсти во Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија, што впрочем ќе се случи со сите институции кои се финансираат од државниот буџет доколку се прифати договорот со Грција.

Со ваквата супер его себична дискриминација МАНУ само покажа дека побитно и е како ќе се вика институцијата отколку државата и наместо да ги поттикне граѓанитте да излезат на референдум предизвика спротивен ефект.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има стан и во Бугарија: Каков имот пријавил Зоран Љутков, министерот за култура

Редакција

Најмалку седум македонски граѓани моментално се во Израел

Редакција

(Фото) Македонска убавина: На снежниот Пелистер „уловени“ рис, лисица, срна, дива свиња…

Редакција