еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДУИ побара сеопфатна истрага за наводите на САД за Мерко, неговите партиски функции замрзнати

ДУИ бара институциите во државата веднаш да започнат сеопфатна истрага за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за сите можни тврдења и информации што произлегуваат од одлуката на американскиот Стејт департментот за негово ставање на „црна листа“ на САД поради „значителна корупција“, изјави денеска министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Мерко има шест активни предмети во Обвинителството, реагирале финансовата полиција, адвокати, невладини…

Тој информираше дека партијата ја прифатила одлуката на Мерко по неговата вчерашна средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за замрзнување на неговото членство во Централното претседателство и Генералниот совет на партијата додека трае истрагата против него, а во исто време партијата ги прекинува и сите внатрепартиски изборни активностите во Струга додека не се создадат нови околности.

– ДУИ ги повикува сите државни институции, во соработка со меѓународната заедница, да започна истрага за сите политички партии, од претседателите, до најниските ешалони на одлучување, бидејќи само на тој начин ќе можеме да се бориме против корупцијата и злоупотреба на темата во партиските препукнувања, рече портпаролот на ДУИ.

Според него, идниот статус на Мерко во партијата, ќе зависи од исходот на истрагата што ќе се води против него.

Османи нагласи дека ДУИ ги охрабрува САД да продолжат со ваквите активности за борба против корупцијата, бидејќи смета дека на тој начин им помагаат на државата и на општеството.

-САД се наш најголем стратешки партнер и сојузник, ние во ДУИ не само што ги почитуваме нивните ставови туку и ги смета за добронамерни. Такви биле од секогаш. Секој успех на оваа држава, носи печат и на САД, истакна Османи.

Тој истакна дека ДУИ има јасни ставови по однос на владеењето на правото и борбата против корупцијата и во однос на начинот на кој работат носителите на јавни и партиски функции во ДУИ и тие се претворени во формални одлуки на партијата, како што се одлуките за задолжителен ветинг на секој носител на јавна функција и за итна институционална верификација на сите изразени сомневања за носители на јавни и партиски функции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Издржи Мерко, не си сам“: Твитер реакции

Кој се освен Мерко е на црната листа на САД

МИА/Фото: ДУИ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Даравелски барал помилување од Бранко Црвенковски, објави Телма

Редакција

По 10.000 денари награда за пожарникари и граѓани кои помогнаа во гаснењето на пожарите

Редакција

(Фото) Доктор Пановски годинeшен кум на Бадник: Одиме на подобро, уште малку трпение

Редакција