еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф.Трајковски: Како да се спречи експлозивното ширење на коронавирусот како што се случи во земји кои имаат висок процент на вакцинирани

Проф. Дејан Трајковски, кој редовно прави анализи на Ковид-19 состојбата, овој пат се осврнува на претстојниот период. Ја анализира состојбата во државите кои имале висок процент на вакцинирани, а повторно дошло до експлозија на вирусот.

„Во изминатите денови се запознавме со феноменот на експлозивно ширење на епидемијата во земјите со највисока стапка на вакцинираност на светот (Сејшели, Бахреин, Чиле, Обединетите Арапски Емирати), каде што биле користени кинески и “АстраЗенека“ вакцини.

Беа понудени четири објаснувања, меѓу кои најчесто користеното (од страна на американските и австралиските научници) за ниска ефикасност на кинеските вакцини.

Можно е уште едно објаснување: имунитетот кај кинеските вакцини, базиран на деактивиран корона вирус, да настапува многу подолго од досега претпоставениот (односно рекламираниот) интервал.

Кај “АстраЗенека“, со препорачан интервал од 12 недели помеѓу двете дози, доцното настапување на имунитет исто така претставува проблем, но барем сме запознаени со него. Ова доцнење, во комбинација со опуштањето на населението во споменатите земји, веројатно придонело кон последното избувнување на епидемијата.

Какви поуки можеме да извлечеме тука, во Македонија? Најпрво, да се побрза со вакцинација во текот на летото и да се искористи сезонското намалување на преносливоста на заразата.

За да се надеваме на колективен вакцинален имунитет потребно е во зимата да влеземе со најмалку 1,1-1,2 милиони вакцинирани во популација од 1,8 милиони жители.

Пресметките сме ги виделе тука повеќе пати, но дури и без никакви пресметки, споредувајќи ја стапката на вакцинираност во Израел од над 60% (кои додуша користеле високоефикасни вакцини од “Фајзер“) доаѓаме до истата бројка. Кај нас дополнителен проблем ќе претставува вакцинацијата со помалку ефикасни вакцини.

Бидејќи во најголем процент ќе се користат нискоефикасните кинеските вакцини на “Синовак“ (со проблематична ефикасност од 51% до 65%, средно 58%) како и на “Синофарм“ (со ефикасност од 79% – 84%, средно 82%), сметајќи со 60% вакцинираност на населението со “Синовак“, 30% со “Синофарм“ и 10% со високоефикасните вакцини на “Фајзер“ и “Спутник В“ (ефикасност 94%), пондерираниот просек на стапката на ефикасност би била околу 0,6*58% + 0,3*82% + 0,1*94% = 68,8%, односно приближно 69%.

За да го компензираме негативното влијание на помалата ефикасност во однос на 94%-ната ефикасноста во Израел, потребниот број на вакцинирани кај нас би требало да биде поголем од 1,1 милиони, поточно 1,1*94%/69% = 1,5 милиони жители, односно целокупното возрасно население.

Јасно е дека тоа нема да може да се постигне во македонски услови.

Но, да видиме што можеме реално да сториме. Покрај агитирањето и форсирањето на вакцинацијата на 1,1 милион жители, многу важно е на населението да му се објасни проблемот со недисциплината и/или неефикасноста на вакцините на Сејшелите и Бахреин.

Покрај постигнувањето на неопходната стапка од над 60% вакцинираност (која иако недоволна при стапка на ефикасност против заразување од 69%, од немајкаде претставува реален максимум во наши услови), населението треба да сфати дека мора МАКСИМАЛНО ДА ВНИМАВА на превентивните мерки, исто како да не се вакцинирало, во период од 2,5-3 месеци (за кинеските вакцини) односно 3,5-4 месеци во случај на вакцината на Оксфорд/“АстраЗенека“ (Ваксзеврија), после првата доза.

Во случајот на високоефикасните вакцини тој период се скратува на 4-5 недели.

Зошто ни се потребни најмалку 1,1 милион вакцинирани? Да претпоставиме дека моментално, сметајќи заедно со недијагностицираните прележани, имаме стапка на прележаност од околу 50%-60% (900.000 до 1.100.000 прележани лица) и дека сите се имуни, што не мора да значи дека е точно.

Доколку се вакцинираат 1,1 милион лица, при средна стапка на ефикасност од 69% (изведена погоре), имуни од заразување би биле околу 1.100.000*69%=759.000 лица, односно 42% од вкупно 1.800.000 жители.

Од овој број 50%-60% веќе биле имуни од прележување (се вакцинирале, а никогаш не дознале дали прележале), што значи дека новодадени имунизирани (со вакцинирање) ќе бидат 40%-50% од 759.000, односно само 304.000 до 380.000 лица, кои се додаваат на претпоставено прележаните 900.000 до 1.100.000 лица.

Така доаѓаме до еден дијапазон помеѓу 900.000+304.000 = 1.204.000 и 1.100.000 + 380.000 = 1.480.000 лица, односно средно околу (1.204.000+1.480.000)/2 = 1.342.000 вкупно имунизирани лица по двата основи, од прележување и вакцинирање.

Тоа претставува 74,5% од вкупната популација, што е на самата граница на потребниот колективен имунитет од 75% при укинати секакви мерки, сметајќи со R0=4 за британскиот и поновите соеви (1-1/R0 = 1-1/4 = 0,75 = 75%).

Но, што ако повеќето недијагностицирани прележани, како и дијагностицирани асимптоматски немаат доволен имунитет за да спречат епидемиско ширење на болеста?

Тогаш би требало да се вакцинираат уште повеќе од 1,1-1,2 милион лица, што во случајот на Македонија (веројатно и повеќето земји во светот) е невозможна мисија, па остатокот до потребиот колективен имунитет би се дополнувал со имунитет од дополнително прележување.

Како што гледаме, во Бразил и Перу е во тек втората зимска сезона и бројките продолжуваат да растат.

Уште еднаш да повториме: целната бројка на вакцинирани до почетокот на зимата треба да биде 1,1 милиони (целокупното возрасното население коешто доброволно прифаќа да се вакцинира) и да се води сметка за превентивните мерки после првата доза во погоре наведените временски интервали од 2,5 до 4 месеци.

На крајот, на примерот на Сан Марино (на долниот дијаграм) ќе видиме како се намалува преносливоста и како се постигнува колективен вакцинален имунитет со помош на високоефикасната вакцина “Спутник В“.

Како што е познато, Сан Марино есента беше светски лидер според вкупниот број на Ковид-19 случаи на милион жители (кумулативна инциденца).

Откако стапката на вакцинираност надминала 30%, ефективниот репродукционен број Rt опаднал под единица, односно дневните бројки на нови случа започнале експоненцијално да се намалуваат.

Денеска во Сан Марино има само спорадични случаи на Ковид-19, односно постигнат е колективен вакцинален имунитет.

Во овој случај, не само што вакцината “Спутник В’ има супериорна ефикасност против заразување (94%), туку и временскиот интервал до постигнување имунитет е околу еден месец од правата доза – доволно кратко за да спречи епидемиско ширење на болеста,“ пишува тој на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендиков ќе добие стан, обезбедување и бугарско државјанство по итна постапка

Редакција

(Фото) Битола во Зимска приказна од денес до 1 јануари

Редакција

Возачот на комбето со кој се возеше заразената, од домашна префрлен во изолација во струмичката болница се пожалил на сомнителни симптоми

Редакција