еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Битола во Зимска приказна од денес до 1 јануари

Детски претстави, концерти на бендови, празничен базар, улични перформанси и ДЏ сетови доминираат во осумте денови континуирана програма на „Зимска приказна” – празничен фестивал. кој минатата година го иницираше Општина Битола, а оваа година со уште пообемна програма и на повеќе локации, информираат од таму.

62 проекти, распоредени во 300 часови активна програма распоредена во официјалната програма, која годинава ќе се случува на две локации. На празничиот плоштад пред Офицерски дом и во Старата битолска чаршија.

ОФФ програмата, пак ќе има улични музички перформанси на Широк Сокак и пратечка Диџејска програма низ битолските кафулиња.

„И покрај големите предизвици со кои сме соочени, од аспект на економската и енергетската криза, успеавме да овозможиме како што се практикува на нашите простори, градот да блесне во новогодишен сјај, во пресрет на Денот на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“, или како што вели традицијата: новогодишната магија да владее во периодот на големите празнувања од „Свети Никола“, до „Водици“, што претставува доволно време за да се почувствува радоста во градот, а притоа да дејствуваме согласно ограничувањата кои ни ги наметнува состојбата на кризата.

Овој проект го реализираме со поддршка на локалните компании кои и минатата и оваа година ја подржуваат Зимска приказна, зошто заедно проценивме дека таа е веќе туристички производ кој привлекува гости од соседните градови кои доаѓаат на бесплатните концерти и пратечка забава која ја организираме, а градот и сите бизниси во него имаат бенефит од бројните посетители,” истакна градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Со настапот на многунаградуваниот Танцов клуб Expose и звуците на класиците од периодот на романтизмот, по што ќе следува концертот на возобновениот Битолски дувачки оркестар со биг бенд репертоар и легендарната рок група Гром, сите од Битола ќе започне првата вечер на Зимска приказна.

Сите изведувачи и учесници се локални уметници, а на новогодишната ноќ, Љубојна ќе го означи стартот на Новата 2023.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Новогодишна магија во Битола: Накитени Широк Сокак, Старата чаршија и Офицерскиот дом

(Видео) Скопје конечно новогодишно накитено

(Галерија) Со помош на иселеници, Крива Паланка накитена за новогодишните празници

Фото: Општина Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2023/2024

Редакција

Тешко повредена жена во верижен судар на четири возила на патот Радовиш-Штип

Редакција

Европската комисија останува на препораката за старт на преговорите со Македонија, но порачува: „не треба да се живее на стара слава“

Редакција