еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Галерија) Со помош на иселеници, Крива Паланка накитена за новогодишните празници

Жителите на Крива Паланка од синоќа се во можност да уживаат во претпразничната магија во пресрет на новогодишните празници.

Блескава новогодишна атмосфера го осветли градот за нови насмевки, радост и незаборавни моменти за време на највеселите празнични денови што претстојат.

-Детски радосни лица, исполнети со среќа срца и мигови за паметење – за тоа сме тука, и ние во општината, но и нашинците на кои при срце им е татковината. Сјајот во детските очи и убавата енергија во мислите на граѓаните да бидат единствена слика на нашата убава Крива Паланка.

Секогаш е задоволство кога тоа што го работиме, го работиме со љубов. Работиме со срце за Крива Паланка, рече градоначалникот Сашко Митовски.

Тој упати благодарност до иселениците од градот, од Франција, Германија и Соединетите Американски држави, кои овозможуваат и во услови на енергетска криза градот да биде празнично украсен.

Благодарност за несебичната помош на “ГДР”компани, Франција и вработените, Горанчо Јакимовски и “Феникс Фенетрес”, Франција, “Селект кафе”, “Етно гостилница Воденица три”, Крива Паланка, Дени Јовановски и “МАК БАУ”, Даниел Ѓоргиевски, “Селект One Inc”.

Без средства од општинскиот буџет, водени од минатогодишното искуство, радоста на граѓаните, позитивните реакции на жителите и посетителите, одговорните од општината повторно ја донесоа , благодарение на иселениците, празничната атмосфера во градот.

Се е подготвено и наскоро ќе отпочне и новогодишниот базар на централниот градски плоштад, со културно – уметничка програма за сите генерации, порача Митовски.

МИА/Фото: Општина Крива Паланка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Гудиес“ го доби тендерот на МВР за набавка на храна за службените кучиња вреден 114.000 евра

Редакција

Продолжува дипломатската офанзива: Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Сарацин во Скопје

Редакција

Европската Комисија за скандалот со пасошите: Неисполнување на критериумите може да доведе до укинување на безвизниот режим

Редакција