еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Европската Комисија за скандалот со пасошите: Неисполнување на критериумите може да доведе до укинување на безвизниот режим

Европската Комисија не го коментира случајот со фалсификуваните пасоши од Северна Македонија, но потсетува дека редовно врши ревизија на критериумите за безвизен режим, јави дописничката на МИА од Брисел.

Откако се појавија шпекулации во јавноста дека Северна Македонија би можела да го изгуби безвизниот режим со ЕУ поради фалсификуваните пасоши во МВР, од Европската Комисија потсетуваат дека безбедноста на личните документи е клучна.

-Она што можеме да го кажеме е дека прашањето за безбедноста на документите е еден од условите за либерализација на визниот режим, според кој земјите ослободени од визи имаат обврска да ги усвојат и имплементираат соодветните административни мерки, одговорија за МИА од портпаролската служба на Европската Комисија.

Оттаму додаваат дека исполнувањето на условите за слободен визен режим се под постојан надзор, а до Парламентот и Советот секоја година се доставува извештај за состојбата со овие критериуми за секоја земја која е ослободена од визи со ЕУ.

-Врз основа на овие извештаи, Европската Комисија дава препораки. Неисполнувањето на условите може да биде основа за активирање на механизмот за суспензија на визите, но суспензијата на изземањето од визи не е автоматски процес.

Комисијата мора да ги земе предвид сите можни последици од суспензија на визното изземање за надворешните односи на ЕУ и на нејзините земјите членки како и за ситуацијата со човековите права во земјите кои не се членки на ЕУ, дообјаснуваат од Европската Комисија.

Оттаму до моментот на објавување на оваа вест нема конкретен одговор дали било кои од критериумите за слободен визен режим е загрозен по аферата со фалсификуваните пасоши во Северна Македонија, МИА ќе објави дополнителни детали штом ги добие од Европската Комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) МВР распиша меѓународна потерница за Раиф Мифтари, осомничен во случајот за лажните пасоши

По 30 дена притвор за шест лица осомничени за издавање лажни пасоши во случајот „Двојник”

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Се почесто да слушаме позитивни вести, посакувам брзо закрепнување на сите пациенти

Редакција

Кривична пријава и суспензија за полицаецот од Битола кој нападна Ром, суспендиран уште еден полицаец

Редакција

Застрашувачки: Осум лица починале од грип минатата недела

Редакција