еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Перпетуумобиле секјурити е еден од добитниците на престижното признание за Македонски квалитет за 2022 година

Во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, а под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, на 23 декември на свечен настан беа доделени овогодинешните награди – признанија за „Македонски квалитет 2022”, кои традиционално се доделуваат на национални компании кои придонесуваат кон развојот на домашната економија и го афирмираат националниот квалитет во земјата и пошироко.

Перпетуумобиле секјурити оваа година имаше чест да биде една од десетте компании кои се здобија со ова престижно признание, кое согласно воспоставените критериуми, беа доделени во знак на промовирање на деловните успеси и претставување на национален бренд за тековната година, информираат од таму.

„Со речиси десетици илјади задоволни клиенти ширум земјава и пошироко, веќе ја заокружуваме третата деценија од нашата успешна приказна. Негувајќи ги своите вредности, континуираната посветеност и грижа за задоволување на барањата на клиентите, како и следење на сите трендови и технолошки иновации во дејноста се нашата движечка сила и мотивација кон уште поголеми успеси, а со тоа да го негуваме и афирмираме националниот квалитет,“  изјави генералниот директор Дејан Костов.

Перпетуумобиле секјурити е специјализирана компанија за обезбедување, која постои на пазарот веќе 29 години и зазема истакната позиција во индустријата за заштита и безбедност во Македонија.

-Воспоставувајќи и почитувајќи ги највисоките светски стандарди во областа на безбедноста, Перпетуумобиле секјурити денес е водечка компанија во областа на безбедносните системи и услуги во државата.

Во својата долгогодишна практика, компанијата успешно работи на домашниот пазар, применувајќи системи и услуги за превентивна заштита во функција на остварување на интересите и правата на клиентите.

Почетоците на Перпетуумобиле секјурити датираат од далечната 1994 година, како компанија која нуди услуги од областа на обезбедувањето, додека во текот на своето работење, компанијата ја проширува својата дејност и денес нуди широк спектар на производи и услуги од областа на безбедноста и тоа: услуги за физичко и патролно обезбедување, услуги за техничко обезбедување и услуги за транспорт пари и вредносни пратки.

Од 2015 година, компанијата формира прв центар за готовина во  Македонија, чија што дејност е подигање, чување, обработка и испорака на готовина на дневен промет превземен од компани.

Исто така, во 2018 година Перпетуумобиле ја проширува својата дејност и во делот на услуги за одржување на хигиена.

Денес, портфолиото на Перпетуумобиле го сочинуваат повеќе странски застапништва и ексклузивни партнерства, кои претставуваат светски брендови во областа на безбедноста, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои компании го добија признанието „Македонски квалитет 2022“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 20 лица од Ковид-19, најмладиот на 35-годишна возраст

Редакција

(Во живо) Шести ден протест против францускиот предлог

Редакција

Колкави биле трошоците на ТВ 24, Наша, ТВ 21, Шења, Клан и ТВ Сонце лани

Редакција