Во врска со купувањето на бизнис центарот „Соравиа„ во Скопје преку соопштение се јави и една од фирмите која е купувач, „Пе-вла-ку ШПК“ од Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бизнис-центарот „Соравиа“ во Скопје добива нови сопственици
Таа заедно со „Тор индустрис“, за која медиумите објавија дека е на внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, стекнува 90% од акциите во „Соравиа инвест“ ДООЕЛ и 100 отсто од акциите на „Соравиа менаџмент“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Телма: Внукот на Ахмети има 4 фирми
Една од фирмите која го купува бизнис центарот „Соравиа“ е на внукот на Ахмети, објави МКД
„Оваа монументална аквизиција е во стратешко партнерство со ‘Тор индустрис’ ДООЕЛ, доверлив и успешен деловен субјект од Северна Македонија.
Оваа голема аквизиција претставува значајна пресвртница во тековното проширување на „Пе-вла-ку“ и го означува почетокот на новото поглавје во историјата на компанијата. Ја нагласува посветеноста на „Пе-вла-ку“ да ја прошири својата дејност надвор од Албанија, додека останува посветен на иновациите и растот“, стои во соопштението.
За својот стратешки партнер од Македонија, од албанската компанија велат дека станува збор за високо почитуван партнер со значителен успех не само во земјава, туку и во целиот регион.
„Нашата соработка со ‘Тор индустрис’ ДООЕЛ е стратешки избор. Нивната исклучителна репутација и покажаниот успех низ регионот се сведоштва за нивните способности.
Ова партнерство не само што ќе доведе до развој на двете компании, туку и ќе придонесе за раст на регионалната економија“, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе задржат само 10% од акциите, Австријците ја потврдија продажбата на бизнис центарот „Соравиа„
Каков имот пријавил Али Ахмети
Фото: Фејсбук/Соравиа