еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Дебата во Европарламентот за Македонија и регионот: Една од главните точки е спорот со Бугарија

Во Европскиот Парламент започна дебатата по извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан, меѓу кои и за Северна Македонија, по што ќе се гласа за секој од нив.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, за Северна Македонија една од главните точки е спорот со Бугарија, за кој се очекува да се изјаснат повеќе европратеници на денешната дебата.

Неколку пратенички групи поднесоа посебен Амандман за поддршка за конструктивниот однос на Северна Македонија и критики за провокативните изјави на Софија, но засега е нејасно дали тој ќе добие поддршка.

Известувачот за Северна Македонија и автор на извештајот, бугарскиот европартеник Илхан Ќучук, пред почетокот на дебатата порача дека е важно Северна Македонија и Бугарија да продолжат со конструктивен дијалог и да постигнат компромис за Акцискиот план, кој редовно ќе се проценува врз основа на Договорот за пријателство и на овој начин „ќе може да се рестартира европскиот процес за Северна Македонија“ и ќе и се овозможи на ЕУ да ја свика првата меѓувладина конференција.

– Дополнителни одложувања ќе ја загрозат објективноста на процесот на зачленување, треба да се фокусираме на големата слика, потребно ни е да градиме мостови за обединување наместо ѕидови што разделуваат, изјави Ќучук.

МИА/Фото: Photo by Christian Lue on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во биографијата на Венко Филипче, новиот потпреседател на СДСМ

Редакција

Хартиените потврди за вакцина или ПЦР-тест се доволни за влез во Грција, тврди Филипче

Редакција

Зголемување за 4,8 отсто: 88 смртни случаи од Ковид-19 минатата недела

Редакција