еМагазин
Image default
Македонија

Пратениците како мали деца: Нема кворум, нема пари за граѓаните и фирмите

Ситуацијата не е иста, како таа минатата година, Собранието сега има 120 пратеници и не може да се запостави работењето на законодавниот дом, изјави денеска собранискиот спикер Талат Џафери на брифингот со новинари во врска со можноста за прогласување вонредна состојба, за која, пак е потребно двотретинско мнозинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците знаат само да блокираат, да работеа во приватна фирма досега ќе добиеа отказ

Џафери денеска ги брифира новинарите пред средбата со Зоран Заев, која вчера ја најави премиерот, а на која треба да присуствува и лидерот на ДУИ, Али Ахмети во насока на обидите да се одблокира работата на Собранието. За денеска е закажана седница за пратенички прашања, но не и друга, иако јавноста очекува пратениците да се изјаснат за законите поврзани со антикризните мерки.

Џафери, како што информира, за денеска нема да свика друга седница, бидејќи како што рече на брифингот, веќе е закажана седницата за пратенички прашања, која се одржува секој последен четврток во месецот.

Средбата со Заев и Ахмети се уште не е одржана, а како што кажа Џафери за нејзината содржина јавноста ќе биде дополнително информирана.

Џафери на брифингот кажа дека негова деловничка обврска е да се сретне со премиерот, а за средбата со опозицијата истакна дека не прифаќа средби со ултиматуми.

Појасни дека лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го дал истиот ултиматум, кој го дал и координаторот на пратеничката група на оваа партија, Никола Мицевски во понеделникот, кога тој ги одложи на неодредено време пленарните седници, додека мнозинството не обезбеди кворум.

Пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара посебна седница за антикризните закони и одлуката за продолжување на кризната состојба на северната и јужната граница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Ковид-19 изгубивме луѓе колку еден мал град, ние се однесуваме како да е се нормално, а ништо не е

Алтернатива и Алијанса за Албанците: Ќе ги поддржиме законите од петтиот пакет мерки, тогаш кога ќе се одблокира Законот за државјанство

Коалицијата Алијанса и Алтернатива ќе ја блокира седницата за законите од петтиот пакет мерки, доколку се одржи, што претходно на прес-конференција ја побара координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива на прес-конференција во Собранието најави дека доколку се случи седницата, ќе поднесат амандмани за секој предлог закон. Порача дека ќе ги поддржат сите пакет мерки, но само доколку се одблокира законот за државјанство.

– Денешното барање да има вонредна седница за финансискиот пакет мерки, петтиот по ред, ние ќе се изјасниме онака како што сме се изјасниле досега. Сета блокада почна кога мнозинството во Собранието заедно со македонската опозиција го блокира Законот за државјанство и тоа е условот, тоа е првиот чекор со што се друго оди наследно согласно таа блокада, рече Реџепи.

Порача дека сите граѓани во државата треба да бидат рамноправни.

– За нас е многу важно да се обратиме до власта, до сите луѓе кои имаат желба навистина граѓаните во оваа држава да ги гледаат рамноправни. Нека не прават дискриминација врз граѓаните.

Исто чувство за човечност треба да се има и за една категорија на граѓани кои очекуваат петти пакет мерки што сосема ги поддржуваме, меѓутоа треба да бидеме искрени исто чувство на човечност треба да има и за една друга категорија граѓани кои воопшто не ни знаат што е пакет мерка, што е социјална помош, што е здравствена заштита, што е да се живее достоинствено во една држава со државјанство, нагласи Реџепи.

Власта, додаде, е должна секој граѓанин да има решен статус на државјнаство.

– Ние сме убедени дека како коалиција ќе ги поддржиме, како што сме ги поддржале досега сите пакет мерки само едно бараме – да се одблокира Законот за државјанство, немаме друго барање, рече Реџепи.

ВМРО-ДПМНЕ бара итна пленарна седница за законите од петти пакет мерки

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од владејачкото мнозинство веднаш да закаже итна пленарна седница на која, како што велат, заедно ќе ги разгледаат и едногласно ќе ги изгласаат законите од петти пакет мерки поврзани со финансиска помош на граѓаните и компаниите.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој посочи дека економијата и бизнис секторот „немаат време за чекање, за политички сплетки и за политиканство, а помошта е потребна веднаш и без одложување“.

– Зад мене се присутни пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои се подготвени да бидат присутни и да дадат целосна поддршка за овие закони доколку власта конечно се вразуми и се одважи да ја закаже седницата.

Апелираме уште еднаш да престанат политичките игри, пазарења и тактизирања врз грбот на граѓаните и стопанството и уште веднаш, уште денеска да се закаже седница, да ги изгласаме законите од т.н. петти пакет на мерки за финансиска помош на граѓаните и стопанството, изјави Мицевски.

Тој додаде дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе бидеат присутни во Собранието, а сега, како што рече, на потег е власта.

Мицевски рече дека претседателот на Собранието не е во состојба да поставува услови и посочи оти ВМРО-ДПМНЕ ќе делува институционално, но, како што рече, нема да му прави кворум на владејачкото мнозинство.

– Неколку пати најавувам дека е потребно да се организираат посебни ковид седници на кои брзо ќе бидат изгласани законите од здравството и еномијата кои се во интерес за спречување и намалувањето на пандемијата.

Тоа не се случи. Деновиве слушам, а така сте брифирани и вие медиумите дека седницата е закажана со овие точки на дневен ред, што не е точно, изјави Мицевски.

Тој додаде дека има можност денеска на паузата на седницата на Собранието на чиј дневен ред се пратенички прашања, да биде закажана 37. седница со овие четири точки.

– Ви гарантирам дека Комисијата за финасирање и буџет која ја води ВМРО-ДПМНЕ ќе биде закажана, на која би можело да поминат овие пакет мерки. Зошто власта се уште се однесува политикантски кон петтиот пакет мерки, ќе ги прашате нив, рече Мицевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини: Најмногу во Аеродром 173 и Центар 171

Редакција

Продолжен рокот на пасошите и возачките дозволи

Редакција

Три нови случаи на Ковид-19 од 1.342 тестирања, бројката на активни е 225

Редакција