еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

28-годишно момче загина во сообраќајка на регионалниот пат Радовиш – с. Ораовица

Вчера во 18.15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Ораовица, радовишко, на место викано „Рудина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Г.В.(30) и мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од С.Т.(28), двајцата од село Ораовица, информира МВР.

– Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Радовиш.

Увид извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа од Полициска станица Радовиш, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Беса транс“ имала истечена лиценца за линиски превоз и користела изводи од други возила

Редакција

Детален извештај: Кои компании загадуваат во Скопје, Битола, Струмица, Гостивар и Тетово?

Редакција

Штип и Пласница бираат нови градоначалници

Редакција