Претставникот на Европската комисија (ЕК), Јан Герт Копман денеска во Брисел изјави дека телото ќе предложи список со санкции до властите во Приштина поради непочитување на барањето за деескалација на северот на Косово.
„Санкциите вклучуваат стопирање на работата на телата во рамките на Договорот за стабилизација и асоцијација, ќе го прекинеме финансиското планирање за Косово и инвестициските предлози за Западен Балкан“, рече тој на седницата на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ).
Генералниот директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Копман, рече дека за Косово ќе биде прекината поддршката преку процесот на јавни набавки и потпишувањето на нови договори, како и посети на високо ниво.
„Косовските власти не одговорија на барањата на претставниците на ЕУ за понатамошни чекори и затоа ЕК ќе воведе привремени санкции“, рече тој и додаде дека има малку знаци дека ќе дојде до деескалација на приштинската страна.
МИА/Фото: Унсплеш