еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Димитров за односите со Бугарија: „Нема напредок во атмосфера на уцена, со сила убавина не бива“

Односот со Бугарија се измести отако таа го прекрши членот 2 од Договорот за добрососедство, којшто зборува дека Софија ќе ни помага на европскиот пат, нема да ни одмага, најмалку пак ќе не блокира. Ние доживеавме две вета и проблематизирање на нашиот јазик. Нема напредок во атмосфера на уцена. Потребна е заемна доверба и почит за напредок во дијалогот за сите прашања.

Ова денеска го истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, во одговор на новинарско прашање.

„Во принцип на Договорот за пријателство со Бугарија беше владите, политичките лидери да се бават со сегашноста и со иднината, а историчарите да се бават со историјата. Тоа што политиката може да го прави е да создаде поволна клима – општествата, академските кругови, членовите на комисијата за историски развојни прашања да разговараат слободно и отворено.

Тоа што се случи е – односот се измести, бидејќи Бугарија го прекрши членот 2 од Договорот којшто зборува дека Софија ќе ни помага на европскиот пат, нема да ни одмага, најмалку пак ќе не блокира.

Ние доживеавме две вета, доживеавме и проблематизирање на нешто што е многу внатрешно, нашиот јазик – македонскиот јазик на европско ниво и во таа смисла овие чекори го направија вистинскиот искрен дијалог многу тежок. Тоа е главниот проблем во овој момент.

Ние ќе продолжиме да настојуваме тој проблем да го решиме. Колку повеќе ќе има доверба и почит кон другиот и прашањата што се важни за другиот толку полесно ќе оди дијалогот за сите прашања што се важни за двете страни,“ изјави Димитров.

Тој на дополнително прашање посочи дека „големиот проблем за напредок и во разговорите околу историјата и во разговорите за другите теми каде имаме разлики е атмосферата на уцена“.

„И македонскиот народ и бугарскиот народ и многу други балкански народи имаат една изрека која што вели „со сила нема убавина“. За вистинска блискост и за вистински напредок не може да стане збор ако опстане оваа атмосфера на уцена.

Мора да има меѓусебна почит, мора да има поголемо разбирање на чувствителноста на другиот. Не може да се создаде блискост и пријателство без таква елементарна почит и никако не може да се создаде блискост и пријателства кога се уценува,“ потенцира Димитров.

Тој повтори дека одговорноста на политиката е да создаде атмосфера, одговорноста на експертите, академската заедница е да ги адресираат историските прашања.

“Во моментов таа атмосфера е нарушена поради двете вета – прекршувањето на членот 2 од Договорот, кој вели дека Бугарија ќе не поддржува и ќе ни помага одејќи напред кон заедничката европска иднина и што побргу се вратиме во една позитивна атмосфера да обезбедиме разликите да ги разговараме, толку поголем прогрес ќе направиме,“ додаде Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Соработници на фашизмот имавме и во Македонија, не можете да кажете дека сите биле на страната на Партизаните

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворена истрага за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, се бара притвор

Редакција

Што пишува во биографијата на Дитмире Шеху, старо-новата потпреседателка на ДИК

Редакција

И шефот на европската дипломатија, Борел, бара ЕУ да се се откаже од принципот на едногласност

Редакција