еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Лани во конфликти ширум светот убиени над 238.000 лица

Бројот на луѓе убиени во конфликти ширум светот надмина 238.000 минатата година, што е најголем број од геноцидот во Руанда во 1994 година, објави Институтот за економија и мир (ИЕП) во својот Глобален индекс на мир, објавен во Лондон, jaви ДПА.

Глобалниот индекс на мирот ја рангира ситуацијата во 163 земји во светот врз основа на 23 квалитативни и квантитативни показатели, составувајќи листа од најмирните до најпроблематичните. Според индексот, светот е се помалку мирен веќе деветта година по ред.

Минатата година најмногу животи однесе конфликтот Тиграј во Етиопија. Во 2022 година, во тамошниот конфликт биле убиени над 100.000 луѓе. Најмалку двојно повеќе починале како резултат на болести и глад предизвикани од борбите меѓу владините сили на Етиопија и Еритреја и бунтовниците на народниот ослободителен фронт Тиграј.

Руската инвазија на Украина е втора со најмалку 82.000 загинати.

Меѓу индикаторите кои се разгледуваат во Глобалниот индекс на мирот се смртните случаи од внатрешни и надворешни конфликти, бројот на убиства, степенот на милитаризација, извозот на оружје, тероризмот, политичката нестабилност и бројот на затвореници.

Се проценуваат и економските трошоци поврзани со вооружените конфликти. Минатата година овие трошоци достигнаа 17,5 трилиони американски долари, што одговара на 13 oтсто од светскиот бруто-производ.

МИА/Фото: Руско МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопругата на Јанакиески: Донесете го Груевски и нека одговара за неговото бегство, а не заради него во притвор да лежат недолжни луѓе

Редакција

Чини 190 евра: Од денеска тестирање за коронавирусот на аеродромот во Виена за да се избегне карантин

Редакција

„Енерџи актив“ го доби тендерот на „Комунална хигиена“ за набавка на струја вреден 57.000 евра

Редакција