еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Има пратеници во ВМРО-ДПМНЕ кои се за уставни измени, тврди Османи

Во однос на уставните промени, министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека со ВМРО-ДПМНЕ паралелно ќе се работи „со идеолошката линија во партијата која е за брзата патека за интеграција на државата, а не за патеката на држави со отворени прашања“.

„Убеден сум и веќе гледам сигнали во ВМРО-ДПМНЕ за една идеолошка поделба во однос на она што го зборувам, има луѓе во ВМРО-ДПМНЕ според моите информации кои упорно аргументираат дека не смееме да ја пропуштиме шансата сега во Уставот да се направи таа јасна дистинкција дека Бугарите се овде малцинство.

Комплетна идеолошка линија во ВМРО-ДПМНЕ кои ги сфаќаат последиците од изолирање на земјата и влегување во втората патека. Сега се создавата две патеки – брзата патека и земјите со отворени прашања.

Од нас зависи во која патека ќе влеземе ние. Се исцрпуваат веќе сите можности да се убеди ВМРО-ДПМНЕ, не велам дека се исцрпени, но затоа паралелно ќе работиме со оваа идеолошка линија која што ја сака оваа држава, ја сака нејзината иднина и ја гледа како европска, просперитетна,“ вели Османи.

Тој додава дека предложените уставни измени ќе бидат доставени до Собранието откако ќе се исцрпат сите можности овој процес да биде консензуален.

Прашан кога ќе почнат одделните средби со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ што ги најави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Османи рече дека има комуникации.

-Има комуникации и тоа не во форма на притисок туку за да се образложат аргументите, а на нив ќе остане на крај на која патека ќе ја остават државата, наведе Османи.

Според него, таквата комуникација не е притисок затоа што смета дека е должност на секој пратеник да биде точно информиран за што се работи. Неговиот глас, истакнува, ќе ја утврди иднината на оваа држава за наредните децении.

Шефот на дипломатијата потенцираше дека сите познавачи на приликите гледаат досега невидена динамика во ЕУ по однос на потребата за брза лента за Западен Балкан, што, посочи, значи дека е историска можност за нас да влеземе на неа.

Тој повтори дека ако не се завршат уставните измени, завршува скринингот, Албанија продолжува со поглавјата, се создава нова група, веќе Србија, Црна Гора, Албанија коишто преговараат и втората група Македонија, БиХ и Косово коишто не преговараат.

Во однос на тврдењата на Румен Радев дека Бугарија нема нови услови, но оти бара исполнување на Преговарачката рамка, Османи рече дека „не бегаме од имплементацијата на Договорот и на Протоколот, но оти Бугарија нема да може да додаде услови и на отворање и затворање на поглавјата.

Кога сме го потпишале Договорот со Бугарија, наведе Османи, тоа било со намера да го имплементираме. Договорот и протоколите не се дел од бенџмарковите, не се дел од патоказите за отварање и затварање поглавја. Тоа е дел од општиот впечаток за добрососедските односи. Нема да има ниту извештај на ЕК за тоа до каде е имплементацијата на Договорот или на протоколите.

-Се разговара само за прашањата кои што се во трите патокази. Ниту Договорот со Бугарија, ниту протоколите се дел од патоказите. Тие се дел од Договорот со Грција, општите добрососедски односи коишто ги гради државата и ние имаме добрососедски односи за да влеземе во ЕУ. Тука нема дилема. Но нема да има писмен извештај. Нема ЕК да даде писмен извештај да каже до тука е имплементацијата на протоколите па некој да одлучува. И тоа е голема разлика која што тие ги знаат приликите го разбираат процесот.

Но, намерено го манипулираат за да создадат поинаков впечаток. И оттука јас не велам дека ние нема да го имплементираме договорот со Бугарија, ќе го имплементираме во добра волја согласно принципи што ги имаме и во одредени позиции што сме ги утврдиле како црвени линии.

Апсолутно не бегаме од имплементацијата на договорот и на протоколот. Меѓутоа, тие на отворање и затворање на поглавјата нема да можат да додадат услови. Тука е разликата во тоа што го зборува Радев и јас, рече Османи.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партијата на Реџепи прва се приклучи на „Европскиот фронт“ на ДУИ

Редакција

По повеќе од осум часа заврши распитот на Ахмети пред Специјалниот суд за Косово

Редакција

Мицкоски се дообјасни: Гоце Делчев и јазикот се македонски

Редакција