еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не сум го гласал Мерко и не живеам во Струга, за да кажам дали да даде оставка, вели Османи

Мислам дека Рамиз Мерко треба сам да донесе одлука по однос на неговиот однос со граѓаните коишто го избрале, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на прашање дали струшкиот градоначалник треба да даде оставка по именувањето на црната листа на САД

„Да сум јас гласач во Струга, да беше тоа градоначалник од Чаир, ќе кажев мое мислење. Меѓутоа јас не сум го гласал, ниту живеам во Струга, и мислам дека тоа е прашање на односот помеѓу градоначалникот и граѓаните коишто го избрале. Во однос на партиските функции, државните функции апсолутно сме недвосмислени во тој дел,“ рече Османи.

Тој посочи дека ДУИ го кажале нивниот став оти бараат сеопфатна домашна и меѓунардна истрага и активирање на сите можни механизми, како и дека се замрзнуваат сите позиции во партијата.

– Тој однос е меѓу градоначалникот и граѓаните и сами треба да го решат. Нашиот став го кажавме и мислам дека од сите досегашни реакции во регионот, бидејќи имаше црни листи во Албанија и во други држави, единствена ваква реакција имате од ДУИ,  рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството сѐ уште проучува дел од предметите против Мерко

Сите знаеле што прави Мерко ама никој не го спречил

МИА/Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче најави смена на Зибери, директорот на ЦЈЗ, ако е правно можно уште денеска

Редакција

Тешка дебата во ЕУ: Утре ќе се знае дали Грција ќе дозволи влез за македонски граѓани

Редакција

За 24 часа собрани средствата за тригодишната Срна

Редакција