еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Тешка дебата во ЕУ: Утре ќе се знае дали Грција ќе дозволи влез за македонски граѓани

Грција задутре отвора седум гранични премини на копнените граници, меѓу кои и Евзони (Богородица), но во однос на влезот во Грција на државјани од трети земји, портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас објасни дека ги очекуваат одлуките од Европската Унија.

Тој рече дека станува збор за тешка дискусија и потребно е да се согласат сите земји, но истакна дека доколку не се постигне договор на европско ниво, Грција ќе ја соопшти нејзината позиција.

„За среќа стасани сме до фаза во која постои листа на земји што по писмена процедура се испраќа до државите членки за до утре да имаме финализирање на оваа листа на земји. Во секој случај, ако не постои договор на европско ниво, најдоцна до утре ќе ја знаете позицијата на Грција, бидејќи од 1 јули ги отвораме сите наши порти за светот“, објасни Пецас.

Медиумите во Грција, во изминатите денови, повикувајќи се на извори од ЕУ, пишуваа дека за одреден број трети земји ќе се продолжи забраната за летови кон земјите од Унијата, а меѓу државите за кои ќе важи забраната се споменуваше и Македонија, односно дека нема да бидат дозволени летови од нашата земја кон јужниот сосед.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција во среда го отвора преминот Евзони на границата со Македонија

Како да го пополните формуларот за влез во Грција

Сите детали: Грција ги објави протоколите за влез на странски туристи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 561 случаи на Ковид-19 од 4.384 тестирања

Редакција

Антикорупциска го демантира Османи, има извештај за злоупотреба на возила на МНР

Редакција

Анализа на професор Трајковски: Вакцинираните во Македонија се разболувале 2,86 пати поретко од невакцинираните

Редакција