еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството сѐ уште проучува дел од предметите против Мерко

Од Јавното обвинителство информираат дека Комисијата задолжена да изврши вонреден надзор на заведените предмети против Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, извршила увид во сите завршени и предмети во работа против ова лице, а поради обемноста на преземените дејствија и сложеноста, како што велат, дел од предметите сѐ уште детално се проучуваат и се анализираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Мерко има шест активни предмети во Обвинителството, реагирале финансовата полиција, адвокати, невладини…

– Комисијата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија задолжена да изврши вонреден надзор на заведените предмети против Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, изврши увид во сите завршени и предмети во работа против ова лице во Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, стои во соопштението од ЈОРСМ.

Оттаму дополнуваат дека заради обемноста на преземените дејствија и сложеноста, дел од предметите сѐ уште детално се проучуваат и се анализираат.

– По завршувањето на проверките, Комисијата ќе изготви извештај со насоки за постапувањето во конкретните предмети, дополнуваат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Рамиз Мерко, кој САД го стави на црната листа

Кој се освен Мерко е на црната листа на САД

Ниту еден криминал во Македонија не е без знаење, учество и согласност на раководствата на партиите, вели Куновска по ставањето на Мерко на црната листа

Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ја поништува лустрацијата: Оштетените можат да тужат и да добијат надомест

Редакција

Денеска се навршуваат 90 години од раѓањето на големиот македонски писател Петре М. Андреевски

Редакција

Карантински продолжен викенд: Следната недела се очекува отворање на ресторани и кафулиња

Редакција