еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Маж во Грција се удави обидувајќи се да спаси жена, телото му испливало на местото каде пред неколку децении убил девојка

50-годишен маж се удави во петок во пристаништето на Рачо, Грција, обидувајќи се да спаси жена која се давела, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Не успеал во тоа, и на крај се удавиле и двајцата.

Неговото тело испливало на плажата Rakhon, на која како што известуваат грчките медиуми, мажот во 1991 година брутално убил и силувал 17-годишна девојка, кога имал 19 години.

Тој добил доживотна казна затвор, но одлежал само 20 години, по што се вратил да живее во неговото родно село, каде бил изолиран од соселаните, а од каде била и убиената девојка.

Удавената жена пак пред неколку години во сообраќајка ја загубила ќерката.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во декември лани просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, 5,02%

Редакција

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милиони прегледи и 400 000 успешни приказни 

Редакција

Оливер Спасовски и Мила Царовска можни технички премиери

Редакција