еМагазин
Image default
Македонија

Апелација се уште без одлука за Груевски и Поповски за „Тенк“

Апелацискиот суд Скопје се уште нема донесено одлука по жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“, потврдија за МИА од Судот.

Од Апелација појаснуваат дека откако ќе биде донесена одлуката Судот во рок до 60 дена ќе треба да ја изготви.

На јавната седницата на Апелацискиот суд на која се расправаше по жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“, претседателката на судечки совет Цветанка Периќ рече дека одлуката ќе биде објавена од Кривичен суд до каде ќе биде испратена.

По првостепената пресуда за „Тенк“ поднесени се шест жалби, четири од адвокатите на Груевски, една лично од Груевски и една од Ѓоко Поповски.

За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски е осуден на шест години и шест месеци затвор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за убиството на ракометарот Денис Тот

Редакција

Уапсените борци на ИД биле радикализирани од оџата Мемиши, од чаирската џамија Тутунсуз

Редакција

Спасовски: Заканата во следните две недели е страшна и радикална, пикот од 2.000 до 2.500 заболени

Редакција