еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија: Договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море повеќе не важи

Договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море денеска престана да важи и нема да биде продолжен, бидејќи не е исполнет делот од него што се однесува на Москва, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Денеска престана да важи Црноморскиот договор за жито. Како што претходно најави претседателот на Русија, по неговото истекување на 17 јули, договорот нема да биде продолжен, бидејќи делот што се однесува на Русија сè уште не е спроведен, рече Песков.

Тој додаде дека Москва веднаш ќе се врати на примената на Црноморскиот договор штом почнат да се исполнуваат обврските наведени во меморандумот меѓу Русија и ОН за отстранување на пречките за извоз на руски прехранбени производи и ѓубрива.

Потпишан во јули 2022 година во Истанбул, договорот со посредство на Турција и ОН веќе двапати беше обновен. Договорот овозможи 33 милиони тони жито да се извезат преку украинските пристаништа минатата година и покрај конфликтот.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проектот за поголема безбедност Safe City ќе се проширува во повеќе градови

Редакција

Кој се најде на новата Листа на должници на УЈП?

Редакција

Убава вест: Оздравени 112 пациенти кои боледуваа од Ковид-19

Редакција