еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

(Видео) Како ли ќе поминеше говорот на премиерот Заев од Крива Паланка во Европскиот парламент?

Два говори на премиерот Зоран Заев, едниот од Крива Паланка и оној во Европскиот парламент предизвикаа лавина негативни и позитивни коментари на социјалните мрежи.

Негативните се однесуваат на говорот од Крива Паланка каде што Заев јавно кажува дека имал средба со бизнисмен кој ветил дека на работниците ќе им даде награда за да гласаат на референдумот бидејќи зачленувањето во ЕУ и НАТО би било добро за неговата компанија.

Премиерот купува гласови за референдумот

#Следиме директен повик за купување гласови Член 162 од Кривичниот Законик на Република Македонија:"Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава, или ветува подарок или друга корист со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право ќе се казни со затвор најмалку пет години".

Posted by Следиме on Четврток, 13 септември 2018

Многу од граѓаните го цитираат Член 162 од Кривичниот Законик на Република Македонија каде што се вели дека: “Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава, или ветува подарок или друга корист со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право ќе се казни со затвор најмалку пет години”.

Од друга страна е говорот на Заев во Европскиот парламент каде што тој на македонски јазик отворено и емотивно зборуваше за европските амбиции на Македонија и договорот со Грција, за што доби громогласен аплауз.

Се наметнува прашањето што ако Заев ги заменеше говорите односно како би реагирале европските пратеници и светот доколку премиерот отворено им каже дека ја поздравува одлуката на бизнисмен да ги награди работниците за позитивно гласање на референдум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Заев на 30 септември нема да прави ајвар

Фото/Видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицаец од ОВР Пробиштип си пукнал во дланка додека го чистел пиштолот

Редакција

Поразително е доаѓањето на тимот од Вашингтон, бидејќи не сме си ги завршиле домашните задачи, вели претседателката на Антикорупциска

Редакција

Вело Марковски најави независна кандидатура за претседател, но очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција