еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тројца македонски државјани се на безбедно на островот Родос, каде што беснеат пожари

Во врска со пожарите кои ја зафатија Грција, од Министерство за надворешни работи информираат дека заклучно со денешниот ден, тројца државјани на Македонија ја контактирале нашата Амбасада во Атина. Истите се наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос.

Од МНР потенцираат дека Дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Грција, продолжуваат да бидат во постојана комуникација со надлежните институции на Грција.

Упатуваат апел да се избегнува туристичко или какво било друго патување во загрозените подрачја.

За повеќе информации, на располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Одмор од кошмарот во Родос: Поради пожарот грчкиот остров масовно го напуштаат туристи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекарите и медицинските сестри од Воениот медицински центар и студенти од денеска волонтираат во ковид центрите

Редакција

Негувателка од кумановска градинка позитивна на корона вирусот

Редакција

Нови 83 случаи на Ковид-19 од 539 тестирања

Редакција