еМагазин
Image default
Македонија

Меџити, Касами и Гаши денеска на средба за можна соработка

Лидерите на Алтернатива и Беса, Африм Гаши и Биљал Касами денеска ќе се сретнат со Изет Меџити, кој неодамна најави дека ќе формира ново политичко движење во кое веќе се вклучени тројца пратеници од редовите на ДУИ, потврди за МИА Меџити.

На заедничка маса, Меџити, Касами и Гаши се очекува да ги стават заедничките цели и ќе ги разгледуваат можностите за соработка.

Веќе неколку месеци на маса е ставена точката за окрупнување на албанскиот опозициски блок. Целта е обединување против ДУИ оти сметаат дека тамошните функционери се грижат само за нив, но не и за граѓаните.

Како што нагласуваат од Алтернатива за МИА, по завршување на средбата медиумите ќе бидат информирани преку соопштение.

Претседателот на Движењето „Беса“, Биљал Касами минатата недела најави дека ќе соработува во поширок опозициски блок и со Изет Меџити, кого го чека да формира партија. Според Касами, можно е опозиционерите да имаат заедничка листа.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче најави нови поликлиники во Ѓорче Петров, Бутел, Карпош, Аеродром и Ново Лисиче

Редакција

Убава вест: Излекувани 195 здравствени работници во Македонија, заболени уште 41

Редакција

Полицијата поднесе кривична пријава против клубот „Аватар“ во Струмица, каде што се правеа журки без маски

Редакција