Долгонајавуваната ѕвезда, која ја промовираа многу естрадни фаци, јавни личности, спортисти и актери на социјалните мрежи – вчера на гламурозна ревија во Парк ја донесоа 20 манекенки од Модното студио Црнокрак од Скопје и Модното студио Фокс од Белград!
Препознатливата портокалова ѕвезда го означува почетокот на десеттата јубилејна сезона на Бекстејџ. Во присуство на стотици гости, соработници и пријатели, а проследена со четири атрактивни и жешки модни ревии на долна облека на Сара Фешн, присутните ги поздравија Миа Костова и Миро Кацаров – водителскиот тандем кој од понеделник, секој ден по 22.00 часот на Канал 5 Телевизија ќе ја водат Ѕвездата!
И во оваа десетта сезона тие најавија многу ексклузивни гости, атрактивни соддржини и приказни од сите четири страни на светот. Ѕвездата е заштитното лого на најголемите домашни, балкански и светски случувања и спектакли, кои повторно ќе можете да ги следите во Вашиот дом.
За потсетување – македонскиот супер бренд Бекстејџ за прв пат се емитуваше во 2008 година, а први водители беа Влатко Илиевски и Марјана Станојковска и се емитуваше 8 години секој ден без престан. По една година пауза се враќа во македонскиот етер, како еден од најзначајните телевизиски проекти, наградувани дома и во странство…
Конечно Ѕвездата се врати во Македонија! Секој ден по 22.00 часот на Канал 5.