еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) На 56-годишна возраст почина пејачката Шинед О’Конор

На 56-годишна возраст почина ирската пејачка Шинед О’Конор, потврди нејзиното семејство.

Најпозната е по големиот хит „Ништо не се споредува со тебе“ (Nothing Compares 2 U), а на почетокот на месецов најави нов албум и турнеја.

Дебитираше со албумот „Лавот и кобрата“ (The Lion and the Cobra) во 1987 година, а меѓународен пробив направи со вториот албум, „Не сакам што немам“ (I Do Not Want What I Haven’t Got).

О’Конор водеше децениска борба со ментална болест.

Нејзиниот 17-годишeн син Шејн се самоуби минатата година.

О’Кoнор се преобрати во ислам во 2018, го смени името во Шухада, но продолжи да настапува под нејзиното родено име.

Фото: Фејсбук/О’Кoнор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фабриката за масло „Кристал 1923“ од Велес ќе го откупи вкупното производство на сончоглед во земјава

Редакција

When In Krusevo – синоним за хуманост и летна адреналинска авантура

Редакција

Шеваљ Муареми бил уапсен во Дубаи, па ослободен зошто нема докази против него?

Редакција