еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

30-дневен притвор за осомничениот за обид за убиство на началникот на Полициската станица во Струга

Поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ врз Д.А. вчера е лишен од слобода С.Н. (44) од с. Велешта, од страна на полициски службеници од СВР Охрид-НККР Струга, Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и Оддел за специјални полициски операции, соопшти МВР.

Како што се наведува во соопштението, на 28.07.2023 околу 17.35 часот на ул. „Ристо Крле“ во Струга осомничениот С.Н. со неговото возило му го попречил патот на Д.А., кој бил со своето возило и прво вербално го нападнал, а потоа му нанел повреди со остар предмет, по што се дал во бегство. Д.А. бил пренесен во болницата во Струга, каде му е укажана лекарска помош.

По преземените мерки од полициски службеници на СВР Охрид- НККР Струга во координација со Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за општ и насилен криминал против С.Н. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство во обид“ и од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што С.Н. е спроведен во КПУ Скопје, наведуваат од МВР.

Претходно од Јавното обвинителство соопштија дека Основното јавно обвинителство Струга донело наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 44 години, поради основано сомнение дека сторило кривично дело убиство, според член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик и оти до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга доставиле предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осомничениот му го попречил патот и му нанел длабока расекотина кај вратот: Детали од Обвинителство за нападот на началникот од Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов јапонски амбасадор во Македонија е Оцука Казуја

Редакција

Починаа уште 8 лица од Ковид-19, вкупно 1.924

Редакција

Обвинителство „чешла“ фирми поврзани со изградбата, надзорот и одржувањето на ковид-центарот во Тетово

Редакција