еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Угостителските услуги пораснале за 7,7%

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2023 во споредба со јуни 2023 година е зголемен за 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

-Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,1 отсто. Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2023 година во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 7,7 проценти, наведува ДЗС.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 12,4 проценти, додека во однос на декември 2022 година е зголемен за 3,2 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продаден блок акции од Комерцијална банка за 390.000 евра

Редакција

Пожарот „монструм“ кај Јасен е ставен под контрола, седум се активни, информираше Ангелов

Редакција

Има ли пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе гласат за уставни измени или ќе има избори

Редакција