еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарија и се заканува на Србија со ЕУ, оти Дачиќ вели дека ако нема Срби во Бугарија, нема ни Бугари во Србија

По истото сценарио како со Македонија, членката на ЕУ, Бугарија и се заканува на Србија, оти српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се пожали на дволичноста на Бугарија која постојано се буни за правата на Бугарите во Србија, а не признава дека има Срби во Бугарија.

„Кога ние ќе ги спомнеме Србите во Бугарија ни велат ‘нема Срби во Бугарија’. Ние сега треба да кажеме нема Бугари во Србија. Тогаш нема да има проблеми со бугарското малцинство”, изјави Дачиќ.

Бугарија како што е познато не признава ни дека има Македонци во Бугарија, што е вон здравата логика, имајќи предвид дека двете земји се соседи, во најмала рака, ама како услов за влез на Македонија го постави внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

Официјална Софија изјавите на Дачиќ ги отцени како „изненадувачки и крајно несоодветни“, „изјави со кои, заради остварување на домашни политички цели, се фрла сомнеж на постоењето на Бугари во Србија и на потребата да се заштитат нивните права“.

„Ова го навредува достоинството на нашите сонародници во соседната држава и никако не
придонесува за развој на добрососедските односи со Бугарија“, порача бугарското Министерство за надворешни работи, ама не кажаа ништо за Србите во Бугарија.

„Како и досега, Бугарија ќе продолжи да се грижи за гарантирање на правата на сите бугарски заедници во странство. Ова е еден од главните приоритети на Министерството за надворешни работи.

Во однос на Република Србија и бугарското национално малцинство таму, Бугарија ќе продолжи да инсистира институциите во соседната земја да се придржуваат кон сопственото законодавство во областа на правата на националните малцинства, како и кон обврските кои произлегуваат од процесот на пристапување во ЕУ“, се вели во реакцијата.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 494 случаи на Ковид-19, во Скопје 231

Редакција

МВР: Денешните дојави за бомби во девет училишта се лажни

Редакција

Во кои случаи се води истрага за Камчев

Редакција