еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пожари кај Дојран, Свети Николе и во демирхисарско

Неколку пожари избија денеска низ Македонија.

Како што информираа од Центарот за управување со кризи пожар има кај селото Сопотница, демирхисарско, а поради опасност пожарот да навлезе во високо квалитетна шума упатен е Ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Голем пожар изби и во близина на Дојран кон Николиќ. Поради ветрот постои опасност од негово брзо ширење.

Кон Дојран е упатен големиот хеликоптер на МВР со ведро под три тона.

Голем пожар избувна денеска на пладне и во непосредна близина на Свети Николе, кај месноста Кривчева река.

Поради опасноста огнот да ги зафати блиските штали и викендички, во гаснењето беа активирани и два хеликоптери на МВР, а на терен се припадници на противпожарната единица од Свети Николе и доброволното противпожарно друштво.

Гори сува трева и ниска вегетација.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија ги кажа условите за датум за ЕУ: Скопје да не бара признавање на македонско малцинство

Редакција

Германски ФАЦ: „Софиското фалсификување на историјата“

Редакција

Разрешени двајца од тројцата директори на М-НАВ

Редакција