еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Куче во Кавадарци три дена лежи крај автомобилот на неговата спасителка која почина

Куче три дена лежи крај автомобилот на неговата спасителка која почина во Кавадарци, вака емотивно објавија денеска од здружението „Шепи 2021“ од Кавадарци.

-Дека кучето е најлојален и најверен пријател на човекот сведочат многу примери! Ова е кавадаречкиот Симба, кој веќе трети ден лежи покрај автомобилот на неговата спасителка Билјана Галабова, очекувајќи ја да дојде…Срце да ти се крши!, посочија од Здружението.

Фотографијата е направена од активистката за заштита на животните, Билјана Миркова.

Во изјава за МИА, таа нагласи дека Галабова, инаку музејски работник, која почина деновиве, беше голем љубител на животните и благодарение на неа, беа спасени многу бездомни животни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Куче покажа што е лојалност и љубов, со денови чекало пред болницата во Прилеп каде се лекува неговиот сопственик

МИА/Фото: Миркова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЦГК: Општинските тендери лани скокнаа за една третина, „ЈУ-БАЈ“ и „Пуцко петрол“ меѓу „рекордерите“

Редакција

Убава вест: Оздравени седуммина болни од Ковид-19

Редакција

Уште една компанија треба да плати солидарен данок, кај осум се спровела присилна наплата

Редакција