еМагазин
Image default
Локално

Со нож го расекол по лицето

На 15.09.2018 година во 19.05 часот во Полициската станица Куманово, С.С.(45) од Куманово пријавил дека Р.Н. со нож го нападнал и исекол на лицето и левата рака, информира МВР.

С.С. со Д.Н. седел во ресторан на улица „Бранко Богдански Гуцман“, а околу 15.00 дошле Р.Н. и Л.Н. и седнале до нив. По кратко време Р.Н. и Л.Н. си заминале, а кога С.С. тргнал да си оди, му се доближил Р.Н. кој со нож замавнал кон него и го исекол во пределот на лицето и левата надлактица, по што побегнал. После тоа, С.С. отишол во болницата во Куманово, каде му била укажаа помош и бил пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Галичник обвиен во снежна покривка

Редакција

Тројца тепале еден ученик во средното училиште „Здравко Цветковски“

Редакција

Со лажни ПЦР тестови сакале да влезат во земјава преку скопскиот аеродром

Редакција