еМагазин
Image default
Локално

Паркингот во Ист Гејт Мол останува бесплатен, но потребно е валидирање на билетите

Од денеска, во трговскиот центар Ист Гејт Мол ќе се воведе валидирање на билети за користење на паркингот, информираат од компанијата.

„Бесплатниот паркинг беше токму една од предностите на Ист Гејт Мол, бидејќи им овозможуваше на граѓаните без дополнителни трошоци да го посетат овој трговски центар, за разлика од останатите, каде паркингот се наплаќа.

Паркингот останува бесплатен за користење за сите посетители во периодот кога е потребна валидација на билетот на паркоматите поставени во трговскиот центар. Посетителите треба да го чуваат билетот за паркинг за време на нивниот претстој, но пред излегувањето од трговскиот да го валидираат на апаратите,“ се вели во соопштението

Во трговскиот центар се поставени неколку апарати за валидирање:

Ниво – 2, излез кон паркинг, на паркоматите поставени пред продавницата Крусел (југ) и Кар бокс (север), на Ниво – 1 излез кон паркинг, на паркоматите поставени кај продавниците Нептун (југ) и 5Центар (север).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајка си ја бара ќерката: Исчезна 15-годишно девојче од Скопје

Редакција

Четврта жртва по експлозијата во Романовце: Почина и 58-годишен маж

Редакција

И вечерва кино на отворено во Градскиот парк, ќе се прикажува „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски

Редакција