еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија го смени името и сè уште има потешкотии да добие датум за почеток на преговорите, порача српската премиерка од Блед

Македонија го смени името и сè уште има потешкотии да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија, рече српската премиерка Ана Брнабиќ на панел со лидерите на Западен Балкан на Бледскиот стратешки форум, кој се одржа во Блед, Словенија.

Таа посочи и дека Србија чека повеќе од 20 години за членство во ЕУ и дека граѓаните се веќе заморени, бидејќи што и да направат не е доволно добро, но и дека никој на Западен Балкан нема подобра опција од ЕУ.

-Тоа е како на девојче да и кажеш дека здолништето и е предолго, пресоблечи се, а потоа велат е сега е прекратко, пресоблечи се, сега ти се долги ракавите. Ова е бескраен процес и навистина да не знаеш што да правиш, луѓето се уморуваат, изјави Брнабиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тоа што ѝ го правиме на Македонија не е фер и е штетно за имиџот на ЕУ, порача хрватскиот премиер од Блед

Ладен туш од Макрон: ЕУ за да прима нови членки треба прво треба да се реформира

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новите ковид-мерки ги испразнија трговските центри: Прометот во Сити мол намален за 40 проценти

Редакција

Димитров ја „подбра“ Захариева: Паушално да се оцрни соседот, не е ниту пријателски ниту европски

Редакција

Во Грција ќе може да се влезе и со рапид тест, новата мерка важи за сите над 5 години

Редакција