еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тоа што ѝ го правиме на Македонија не е фер и е штетно за имиџот на ЕУ, порача хрватскиот премиер од Блед

Тоа што ѝ го правиме на Македонија не е фер и е штетно за имиџот на ЕУ, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ од Бледскиот стратешки форум, кој деновиве се одржа во Блед, Словенија.

Тој на панел со лидерите на Западен Балкан неколку пати повтори дека единствениот пат напред кога се работи за проширувањето на ЕУ е елиминација на билатералните прашања од пристапниот процес, а како најдобар пример за тоа ја посочи Македонија, која прво беше блокирана од Грција, а сега и од Бугарија.

„Сите билатерални прашања што не се формално, стриктно правно поврзани со легислативата на ЕУ треба да бидат елиминирани од пристапниот процес. Тоа е единствениот пат напред и јас зборувам од искуство. Тоа не е навистина квантна физика да се воспостави и треба да бидеме коректни во тој аспект.

Примерот со Северна Македонија е симболичен. Чекаа 15 години да се реши грчкото прашање, штом беше решено, сега имаме ново прашање. Тоа не е фер, тоа е штетно за имиџот на ЕУ и јас го велам тоа јавно со години и ќе продолжам да го велам“, рече Пленковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија го смени името и сè уште има потешкотии да добие датум за почеток на преговорите, порача српската премиерка од Блед

Ладен туш од Макрон: ЕУ за да прима нови членки треба прво треба да се реформира

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Репортери без граници: Последните 20 години многу смртоносни за новинарите

Редакција

Прифатени барањата на бизнисот за струјата, стапуваат во сила со прогласувањето енергетска криза

Редакција

(Видео) Голем јубилеј на Клиника „Жан Митрев“: „Дваесет години воведуваме повисоки стандарди во македонското здравство“

Редакција