Под влијание на атмосферски фронт денеска времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално во попладневните часови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 , а максималната од 22 до 33 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе изнесува 20, а максималната ќе достигне до 31 степен Целзиусов.
Од утре ќе преовладува умерено облачно време со пониска температура, а само на места ќе има услови за краткотраен слаб дожд.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.