еМагазин
Image default
Бизнис

Недостигот од квалификувана работна сила најголема мака на преработувачите

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во август 2018 година е зголемен за 0.4 процентни поени во однос на јули 2018 година и изнесува 20.3, а во однос на август 2017 година е зголемен за 2.1 процентни поени, соопшти Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2018 во однос на јули 2018 година е поповолна, очекувањата за обемот на произвoдството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на јули 2018 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во август 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на август 2017 година. Се очекува бројот на вработените да порасне.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2018 година изнесува 68.0 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 23.3 %, недоволната домашна побарувачка со 17.2 %, недоволната странска побарувачка со 17.1 % и неизвесното економско опкружување со 11.1 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈКП Комуналец – Прилеп склучи договор со „Реалност-06“ вреден 383,7 илјади евра

Редакција

Со поддршка од УСАИД нашите преработки од овошје и зеленчук стануваат поконкурентни

Редакција

Њујорк тајмс: Бидете меѓу првите кои ќе ја посетат Северна Македонија

Редакција