еМагазин
Image default
Македонија

Сергеј Баздникин е вонреден и ополномоштен руски амбасадор во Македонија

Денеска, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин, ги предаде копиите на акредитивните писма на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров.

„Посакувајќи му успех во извршувањето на одговорната функција на амбасадорот Баздникин, министерот Димитров подвлече дека Република Македонија, стратегиски ориентирана кон евро-атлантските интеграции, придава значење и на натамошно унапредување на односите со Руската Федерација и интензивирање на соработката во сите областите од заемен интерес“, се вели во соопштението на МНР.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можно е корона вирусот да бил присутен кај нас многу порано од што се знае

Редакција

Европската Унија повикува на масовна излезност во вториот круг од претседателските избори

Редакција

Заев не ја коментира одлуката на Апелациониот суд за куќен притвор за Драги Рашковски

Редакција