еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Бимилк ги изненади првачињата од социјално загрозените семејства по повод почетокот на учебната година

Заеднички со четири невладини организации, Бимилк донираше училишни ранци и млечни производи за среќен почеток на училишната година на првачињата од социјално загрозени семејства.

„Кога имате секојдневие каде родителите се борат со овозможување на основни услови за живот, влегувањето во школските клупи на овие деца е момент обременет со економскиот и социјалниот елемент. А секое дете заслужува најдобри услови за овој почеток на образовен процес каде личноста на децата се гради.

Донацијата на овие училишни ранци е гест што го растоварува детското доживување на првото зачекорување во училиште и создава убави и среќни моменти, кои понатаму позитивно се одразуваат врз целата образовна и социјална интеграција на децата од социјалната маргина.

Тие денеска видоа дека компанија како Бимилк се грижи за нив и за нивната иднина и тоа создаде нова вредност во нивните животи што самите понатаму ќе ја прифатат. Првите школски денови за нив сега се среќно и поучно искуство“, истакна Весна Станковска, координатор на активности во Здружението Љубезност.

Силвија Брајовиќ од СОС Детско село изјави дека за секое дете почетокот на образованието е најважен чекор кон патеката на нивната иднина.

„За дечињата без родителска грижа овој момент е од голема важност бидејќи започнува фазата во животот која најдиректно ќе влијае на нивната иднина и ќе ја обезбеди сигурноста која им е најмногу потребна. Бимилк како наш стратешки партнер и поддржувач веќе низ години преку различни активности го поддржува растот и развојот на овие дечиња.

Оваа година поддршката беше насочена кон првачињата кои како благодарност нацртаа повеќе цртежи инспирирани од производите на компанијата со помош на претставници од Бимилк. Благодариме за убавата дружба, искрените насмевки и разубавувањето на почетокот на училишната година за дечињата – првачиња“, изјави  Брајовиќ.

Донацијата до семејствата е распределена и доставена преку здруженија на граѓани што работат со лица и семејства во социјален ризик како што се Здружението Надеж, Здружение Ромски едукативен центар Амбрела, Здружението на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени поединци Љубезност, како и дечињата поддржани од СОС Детско село.

Од здруженијата велат дека донацијата има многу поголема вредност заради поводот и намената.

Битолска млекара како општествено одговорна и свесна компанија постојано ги следи состојбите во општеството и реагира соодветно потребите на граѓаните за помош. Донацијата за успешен почеток на учебната година започна во 2017 година и продолжува секоја година традиционално.

Оваа иницијатива е насочена кон поддршка на семејства со првачиња, со цел да им помогне при влегувањето во образовниот систем. Проектот опфаќа разни групи на деца, создавајќи позитивно и задоволително искуство за сите вклучени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кој дојде на прославата на ССК во „Воденица-Мулино“

Редакција

Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа

Редакција

Вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија седум медали на натпреварот „Мундус Вини“

Редакција